Лука Станковски во потрага по минутажа ќе игра за друг турски клуб

Оваа сезона Лука Станковски одигра само три натпревари за Газиантеп, и тоа два во првенството и еден во Купот, влегувајќи од клупата за резерви. Премали 98. минути одигра младинскиот репрезентативец оваа сезона, па токму од тука според турските медиуми ќе биде испратен во друг турски клуб.

Можно е пролетниот дел од сезоната Станковски да го мине во второлигашот Шанлиурфаспор, со цел повеќе да игра и да собере поголема минутажа.

Шанлиурфаспор во моментов е на 15. позиција на табелата во втората по ранг лига на Турција.

Се вчитува...