Барди вечерва стартер, а до крајот на неделава прави трансфер во Дубаи?

Турските медиуми лансираат информација дека македонскиот интернационалец Енис Барди заминува од Трабзонспор, и ќе оди на позајмица во клуб од Дубаи, ОАЕ.

За Барди веќе долго време траат шпекулациите за негово заминување од Трабзонспор, а тој вечерва игра во првите 11 на својот тим во дуелот со Ризеспор.

Македонскиот интернационалец претходно беше поврзуван со трансфер во Кариф, во МСЛ лигата во САД, а пред два дена се појави информација дека до Трабзонспор пристигнале две понуди за ангажман на Барди. Едната од нив веројатна била од тимот од ОАЕ, кој бара позајмица до крајот на сезоната, а потоа Барди ќе биде слободен играч и ќе направи трансфер како слободен агент.

Се вчитува...