Канадската кошаркарска федерација соопшти дека репрезентацијата на оваа земја на 10. јули во Лас Вегас ќе одигра пријателски натпревар против Соединетите Американски Држави.
Канаѓаните наесен ги совладаа САД со 127-118 во мечот за третото место на Светското првенство во Кина, но на ЛОИ во Париз се очекува Американците да настапат со „дрим-тим“ па затоа овој меч се очекува да биде вистински спектакл.
Кошаркарската федерација на САД претходно најави дека на 20. јули во Лондон ќе одигра пријателски натпревар со Јужен Судан, а два дена подоцна ќе се сретне и со Германија. Олимписките игри во Париз ќе се одржат од 26. јули до 11. август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

