Синот на Франческо Тоти му стана соиграч на Столе Димитриевски

Синот на поранешниот капитен на Рома, Франческо Тоти, Кристијан, од денеска е соиграч на нашиот репрезентативец Столе Димитриевски во Рајо Валјекано. Како што потврдија медиумите од двете земји, тој го напушти неговиот досегашен клуб Фросиноне и потпишал договор со Рајо до крајот на сезоната.

Kристијан Тоти кој има 18 години ги мина сите младински категории на римската волчица од каде се пресели токму во Фросиноне.

Се вчитува...