26. јануари 2020 година цел свет остана во шок откако ја дозна веста за смртта на еден од најголемите кошаркари, и спористи на сите времиња Коби Брајант. Брајант настрада во пад на приватниот хеликоптер во кој биле уште осум лица, меѓу нив и нивната ќерка Џана.
Заедно со Брајант и Џана во хеликоптерот кој патувал кон академијата „Мамба“ во близина на Лос Анџелес, беа и бејзбол тренерот Џон Алтобели, неговата сопруга Кери и ќерката Алиса, кошаркарскиот тренер Кристина Маузер, младата кошаркарка Пејтон Честер и нејзината мајка Сара, како и пилотот Ара Зобајан.
Сите девет лица загинаа откако хеликоптерот удри во тло, по што експлодрал. Истражителите утврдиле вина на пилотот за падот на леталото, кој летал во облаци, и тоа било забрането. Откриле дек Зобајан го свртел хеликоптерот лево, наместо да се обиде да се искачи нагоре и да го извлече од маглата.
Брајант во својата кариера играше во ЛА Лејкерс, и за 20 години колку што играше во НБ постигна 33.643 поени, освои пет титули, 18 пати играше на Ол-старот, а два пати освои злато со САД на Олимписките игри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

