Мартинез: Кога првпат го видов Роналдо ми изгледаше како 18-годишно момче

Селекторот на Португалија, Роберто Мартинез е импресиониран од Кристијано Роналдо. За неколку дена голгетерот ќе наполни 39 години, но засега не покажува знаци на пензионирање, туку работи напорно за да остане во топ форма.

Португалија под водство на Мартинез направи 10 од 10 во квалификациите за пласман на ЕП, а Мартинез го презеде тимот пред една година, откако претходно беше селектор на Белгија.

„Кога првпат зборував со Роналдо, имав чувство дека пред себе имам 18-годишно момче. За неговата репрезетнација тој е млад. Без проблем може да одигра два меча во четири дена. Тој е пример за фудбалот кој дава се за тимот“, изјави Мартинез.

Се вчитува...