„Супер Даре“: На Чурлинов му беа потребни само пет минути за да ги израдува навивачите на Шалке (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Дарко Чурлинов на неверојатен начин го почна својот кам-бек во редовите на германскиот великан Шалке 04. Откако само пред неколку дена потпиша со клубот од Гелзенкирхен, тој веднаш донесе и радост.

Откако по 45 минута Шалке имаше негатива од Кајзерслаутерн од 0-1, на сцена стапи нашиот репрезентативец. Тренерот Гераертс му даде шанса на стартот на второто полувреме, а на Чурлинов му беа потребни само пет минути да се запише во листата на стрелците.

Kaiserslautern 1-[1] Schalke – Darko Churlinov 51'
byu/suedney insoccer

Се вчитува...