Атлетико Мадрид осигура значаен потпис за иднината откако денеска беше потпишан договор со Артур Фермерен, одличниот белгиски плејмејкер кој важи за наследник на Кевин де Бруине во оваа репрезентација.
Фермерен доаѓа од редовите на Антверпен, тим со кој сезонава настапуваше и во Лигата на Шампионите, каде со добрите игри го привлече вниманието врз себе. За одличниот играч за врска се интересираа уште неколку европски клубови, но челниците на Атлетико беа најконкретни во преговорите, договарајќи се со Антверпен за сума од 25 милиони евра, од кои 18 милиони се загарантирани за белгискиот клуб, а останатите седум милиони се врзани со неколку различни клаузули.
Шпанските медиуми го најавуваат Белгиецот како наследник на Коке, долгогодишниот капитен на Атлетико кој се приближува до крајот на кариерата, а Фермерен наскоро би требало да го заземе неговото место во тимот на Диего Симеоне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

