Гвардиола: Клоп е најдобриот ривал кој сум го имал, сега ќе спијам помирно

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го коментираше заминувањето на Јирген Клоп од кормилото на Ливерпул по завршувањето на сезоната.

Гвардиола кажа дека Клоп е најдобриот ривал кој го имал во фудбалот, и дека секогаш натпреварите со Ливерпул под водство на Германецот му биле „кошмар“.

„Сега ќе спијам помирно. Секој ден пред натпревар со Ливрпул беше кошмар. Не можеме да го опишеме нашиот период тука, без да го споменеме Јирген и Ливерпул. Тој е најдобриот ривал кој сум го имал. Секако дека му посакувам се најдобро. Нема да сака да признае, но јас сум сигурен дека еден ден ќе се врати. Па макар и после 10 години. На фудбалот му требаат тренери и личности како него“, изјави Гвардиола.

Се вчитува...