Каква зделка за Галатасарај: Го купија за 1 милион, сега го продадоа за 30 на Баерн Минхен

Францускиот дефанзивец Саша Бој, денеска треба да го комплетира трансферот во Баерн Минхен. „Баварците“ на Галатасарај ќе му исплатат 30 милиони евра, а сумата може да биде поголема ако Бој ги исполни бонусите во таборот на тимот од Минхен.

Интересно е дека Галата со овој трансфер ќе заработи 30 милиони, со оглед дека го купија од Рен во 2021 година како 20-годишник за нешто повеќе од 1 милион евра. Рен пропушти можност добро да профитира од својот играч, со оглед дека Бој ги мина младинските категории на овој тим, но само по неколку значајни настапи, и една година на позајмица во Дижон, се реши да ја смени средината.

И не погреши, Бој сега ќе игра за еден од најголемите светски клубови. Откако не успеа со Трипие, Баерн го ангажираше Бој за десната бековска позиција која е „најтенка“ во моментов.

Бој има настапи за младинските селекции на Франција. Имаше понуда да игра за Камерун, но кажа дека наскоро ќе донесе одлука за која репрезентација ќе настапува во иднина.

Се вчитува...