Ракометарите го добиваат противникот во баражот за СП: Желба е ривал од првиот бараж

Победата над Швајцарија на Европското пренство, ја лансираше Македонија во групата на носители за баражот за пласман на Светското првенство 2025 година кој ќе се одигра во Хрватска, Данска и Норвешка. Ждрепката во кој ќе го добиеме ривалот за пласман на Мундијалот ќе се одржи денеска во 14 часот во Келн.

Домаќините, како и Франција, Германија и Шведска веќе изборија место на Мундијалот идната година. Останатите 11 учесници ќе се решаваат преку бараж.

Македонија е во групата на носители заедно со Словенија, Унгарија, Португалија, Австрија, Исланд, Холандија, Шпанија, Црна Гора, Чешка и Полска.

Нашата селекција може да ги добие некоја од следните ривали: Грузија, Србија, Фарските Острови, Швајцарија, Романија, Грција, Босна и Херцеговина и четирите селекции од квалификациската фаза на Светското првенство за мажи на ИХФ 2025 година. Украина или Естонија, Финска или Литванија, Белгија или Италија и Словачка или  Израел.

Токму селекција којА ќе игра и први квалификации би бил најдобар можен противник за Македонија, па ваков ривал е она што Лазаров и нашите репрезентативци најмногу го посакуваат. Од непосакуваните, тука е Србија, потоа Швајцарија која ја совладавме на ЕП во Берлин, но и Фарските Острови, кои бележат извонреден напредок од година во година во ракометот.

Плејоф-пресметките се закажани за 8 и 12 мај.

 

ШЕШИР 1: МАКЕДОНИЈА, Словенија, Унгарија, Португалија, Австрија, Исланд, Холандија, Шпанија, Ц. Гора, Чешка, Полска.

ШЕШИР 2: Грузија, Србија, Ф. Острови, Швајцарија, Романија, Грција, БиХ, Белгија/Италија, Естонија/Украина, Словачка/Израел, Финска/Литванија

Се вчитува...