Дончиќ емотивно: Би сакал Коби да е тука…

Лука Дончиќ после импресивната партија и рекордните 73 поени, зборуваше емотивно за еден од своите ментори Коби Брајант.

Словенецот токму на годишнината на неговата смрт одигра неверојатна партија против Атланта, а потоа емотивно зборуваше за некогашниот ас на Лејкерси.

„Беше многу посебен меч за мене. Сите го сакаме Коби, тоа беше голема трагедија, не можам да верувам дека толку брзо минаа четири години. Особено што го сторив тоа на овој ден. Очигледно, сакам да биде тука“, рече Дончиќ.

Се вчитува...