Најдобрата скијачка на светот Микаела Шифрин, избегна сериозна повреда при падот на спустот за Светскиот куп во италијанскиот Кортина д’Ампецо, иако остана долго да лежи покрај оградата.
Шифрин загуби контрола при еден свиок, по што се заби во оградата. Веднаш со хеликоптер беше пренесена во болница, каде што според првите прогнози нема да прави операција.
„Многу сум благодарна што не е ништо сериозно, но се чувствувам „набиено“ во овие моменти“, објави на социјалните мрежи Шифрин.
Според лекарите, лигаментите останале добри по овој пад, и се чини дека Шифрин ќе мине добро.
За жал таква среќа немаше Швајцарката Корина Сутер, која веќе во сабота ќе биде оперирана поради оштетени лигаменти во левото колено.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА