Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис потврди дека по завршувањето на сезоната напаѓачот Виктор Осимен ќе си замине од клубот.
Воедно, Де Лаурентис ги откри и можните дестинации на Нигериецот, кажувајќи дека напаѓачот ќе остане во Европа, односно не размислува за богатите понуди од Саудиска Арабија.
„Знаеме од минатото лето дека Осимен ќе си замине, инаку преговорите за продолжување немаше да бидат така лесни. Ќе биде тоа Реал Мадрид, ПСЖ или некој друг од Премиерлигата“, рече Де Лаурентис.
Нигериецот стигна во Наполи во 2020 година за 70 милиони евра од Лил. Минатата сезона беше заслужен за титулата на Наполи, и со 26 гола стана првиот играч од Африка кој заврши како најдобар стрелец во Серија „А“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА