Македонската ракометна репрезентација ја доби селекцијата на Фарски острови за ривал во баражот за пласман на СП 2025 година.
Првиот меч е на програмата на 8. мај, додека четири дена подоцна и реваншот, и на првиот дуел Македонија треба да биде гостин.
Фарки Острови е незгоден ривал за Македонија, и нема да биде лесно на избраниците на Кире Лазаров. Фарски острови е во голем подем, и за првпат годинава учествуваше на големите натпреварувања.
Светското првенство во 2025 година ќе се игра во Данска, Хрватска и Норвешка, односно во пет градови во Хрватска, два во Данска и четири во Норвешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА