Македонскиот голман Столе Димитриевски до три одбрани и чиста мрежа го заврши дуелот на тешкото гостување на Рајо Ваљекано во Сан Себастијан кај Реал Сосиедад.
Натпреварот заврши без голови, и со тоа Рајо освои голем бод, и уште еднаш останува непоразен кај тим кој се бори за горниот дел на табелата.
Димитриевски со Рајо сега се на 13. позиција на табелата со 24 бодови, или девет повеќе од опасната зона. Сосеидад, пак, не успеа да фати приклучок кон првата петорка, и остана на шестото место со 36 освоени бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

