Баерн со проблеми победи во Аугзбург, нова хаварија на Елмас и Лајпциг (ВИДЕО)

Фудбалерите на Баерн Минхен имаа проблеми на дуелот со Аугзбург, но победија и му се доближија само на еден бод на лидерот Баер Леверкузен, но првопласираниот има натпревар помалку. Баерн со головите на Павловиќ во 23. минута, Дејвис во судиското надополнување од првиот дел стигнаа до 2-0. Демировиќ во 52. минута намали, а Кејн во 58. минута ја врати предноста од два гола за „Баварците“.

Во финишот возбудувања. Во 88. минута досуден пенал за Аугзбург кој го промаши Мичел, односно Нојер му го одбрани ударот. Во 94. минута нов досуден пенал, овојпат Демировиќ стрелец за намалување на водството 2-3.

Лајпциг продолжува со катастрофалните резултати во 2024 година, откако тимот на Елиф Елмас загуби на гостувањето кај Штутгарт со 5-2. Со тоа Лајпциг го претрпе и третиот пораз во третиот меч во Бундеслигата, и шансите за титулата сега се сведени на „нула“.

Милиот и Ундав му донесоа брзо водство на Штутгарт, а Шешко успеа да намали на 2-1 во 32. минута. Во вториот дел Левелинг во 48. минута го однесе Штутгарт на +2, но Лајпциг повторно се врати и во 55. минута преку Опенда стигна до 3-2.

Меѓутоа во продолжението без сила, па Ундав со два гола го комплетираше „хет-трикот“ во 75. минута. Две минути подоцна на терен влезе Елмас, но без значајно нешто да стори и да спречи катастрофа.

По големата победа во Минхен, Вердер на домашен терен беше подобар од Фрајбург со 3-1. Волфсбург и Келн одиграа меч кој заврши нерешено 1-1, а со истиот резултат заврши и мечот Хофенхајм – Хаденхајм.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...