ФА КУП: Шестолигаш направи сензација, елиминација за Евертон

Шестолигашот Медстоун го направи најголемото изненадување во денешните натпревари во ФА Купот на Англија, откако го елиминираше второпласираниот тим во Чемпионшип, тимот на Ипсвич. На крајот Медстоун триумфираше со 1-2, за да се пласира во следната фаза од ова натпреварување.

Во следната фаза се пласираше и Лутон, кој денеска го елиминираше Евертон на „Гудисон“. Лутон поведе со автоголот на Миколенко, а израмни Харисон во 55. минута, Вудроу во шестата минута од судиското надополнување му донесе голема победа на Лутон.

Во следната фаза оди тимот на Лестер, кој како домаќин го совлада Бирмингем со 3-0, а исто и Брајтон кој го совлада тимот на Шефилд Јунајтед со 2-5. Три гола постигна Жоао Педро. Лидс и Плимот ќе играат уште еден натпревар, откако меѓусебната пресметка заврши без победник 1-1.

Се вчитува...