Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски, беше асистент на единствениот гол за Динамо во победата над Истра со 0-1. Ристовски во 36. минута му асистираше на Перковиќ, што на крајот беше гол вреден три бода.
Динамо со тоа ја прекина лошата серија на резултати, и се врати во игра за титулата. „Модрите“ минатото коло беа поразени и понижени на домашен терен од Локомотива.
Со оваа победа Динамо му се доближи на водечкиот Хајдук на четири бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

