„Ѕвезда“’ на Баерн доживеа тешка повреда: „Како може да се игра на ваков терен?“

Екипата на Баерн Минхен успеа да го совлада тимот на Аугзбург во дербито на Баварија. Беше 2-3, а гостите останаа без Кингсли Коман.

Францускиот фудбалер заработи повреда, и со патерици го напушти стадионот, а лекарските прегледи покажаа дека станува збор за проблем со лигаментите на коленото. За среќа, не станува збор за вкрстените лигаменти, но во секој случај паузата не е наивна и Коман ќе мора да паузира најмалку два месеца од терените.

Освен него, повреда заработи и Александар Павловиќ, но неговата повреда не е тешка.

„Баварците“ по мечот беа лути на состојбата на теренот.

„Игравме со четворица во дефанзивата, затоа што имавме доста повреди, и првпат игравме така сезонава. Јас навистина не разбирам терени каков што е овој“, рече Горецка.

Се вчитува...