Јувентус направи голем чекор назад во битката за титулата, откако одигра само нерешено 1-1 во дуелот со Емполи. Сепак, голем придонес за овој бод има и црвениот картон на Милик во 18. минута од средбата.
Сепак, и со 10 играчи во поле, Јувентус дојде до предност со одличниот гол на Влаховиќ во 50. минута од средбата. Јувентус ја имаше контрола на играта, но Емполи успеа да го искористи присуството на играч повеќе, и преку Балданци успеа да израмни.
Јувентус имаше уште 20 минути за да ситгне до победата, но не успеа. Згоран а тоа Емполи имаше супер шанса и за победа, но не ја искористи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА