Баер Леверкузен се лизна на домашен терен во дуелот со Борусија Менхендлабах, и одигра без голови, освојувајќи бод, и така сега предноста со Баерн Минхен на табелата се „стопи“ на само два бода.
„Фармацевтите“ имаа повеќе од играта, од шансите, беа подобар ривал, меѓутоа не успеаја да го најдат патот до мрежата на Николас, кој беше еден од најзаслужните за овој бод на гостите.
Баер Леверкузен и натаму е без пораз во сите натпреварувања, но овој „кикс“ може скапо да ги чини со оглед дека сега разликата со најголемиот ривал Баерн изнесува два бода, а двата тима треба да играат во Леверкузен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

