Милан промаши два пенали, па беше казнет од пенал

Милан и Болоња одиграа интересен и возбудлив натпревар кој заврши без победник 2-2. Двата тима се сменија во водство, а на крајот по бод и за домаќинот и за гостинот.

Циркзи во 29. минута донесе предност за Болоња и шок за навивачите на Милан. Се можеше да биде поинаку ако во 42. минута Жиру го претвореше првиот пенал во гол. Но, неговиот удар го одбрани Скорупски. Сепак, до крајот на полувремето Лофтус-Чик му донесе израмнување на Милан.

Во вториот дел иста ситуација. Досуден пенал за Милан, но Тео Хернандез ја погоди десната статива. Меѓутоа Лофтус-Чик одново ја исправаше грешката на своите соиграчи и во 83. минута донесе 2-1.

Само глупоста на Терачано откако направи пенал во 92. минута, кој го реализираше Орсолини за конечни 2-2.

Се вчитува...