Нигерија е во 1/4 финале на АКН, го елиминираше „бледиот“ Камерун (ВИДЕО)

За Камерун од стартот на средбата го немаше Андре Онана, но тоа не им пречеше на играчите на Нигерија да дојдат до победа, и да се пласираат во 1/4 финалето во Африканскиот куп на нации.

Лукман беше херојот на Нигерија кој ги постигна двата гола. Првиот во 36. минута кога не помогна ниту замената за Онана да го спречи неговиот обид.

Нигерија ја запечати победата во 90. минута преку истиот играч. Лукман успеа најдобро да се снајде во шеснаесетникот и по една нафрлена топка од прва да го совлада камерунскиот голман.

Инаку дека Камерун одигра подпросечна партија, говори статисиката која вели дека Камерунците немаа ниту еден шут во рамките на голот на противникот.

Се вчитува...