Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа десет натпревари. Денвер нагетс на домашен терен славеа над Филаделфија 76 со 111-105, натпревар кој го одбележа отсуствотон Џоел Ембид.
Центарот на „76“ повторно пропушти директна пресметка против Јокиќ во Колорадо, а интересно е тоа што Ембид нема настапено во Денвер од 2019 година. Никола Јокиќ ги предводеше Нагетс до победа со 26 поени, 16 скока и 7 асистенции. Кај поразените Пол Рид постигна 30 поени.
Во супер интересен натпревар по две продолженија Лос Анџелес лејкерс славеше над Голден Стејт вориорс со 144-145. Клучни во мечот беа двете слободни фрлања на Леброн Џејмс за победа. Токму Леброн со 36 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените 46 постигна Стеф Кари.
Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Детроит – Вашингтон 104-118, Њујорк – Мајами 125-109, Бруклин – Хјустон 106-104, Шарлот – Јута 122-134, Бостон – ЛА Клиперс 96-115, Милвоки – Њу Орлеанс 141-117, Сан Антонио – Минесота 113-112 и Далас – Сакраменто – 115-120.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

