„НБА лигата мора да го истражи тоа што го прави Ембид“

Тренерот на актуелниот шампион Денвер нагетс, Мајк Мелоун, ја повика НБА да го истражи новото отсуство на центарот на Филаделфија Џоел Ембид кој повторно не играше на меч во Колорадо.

Публиката во Денвер и по четири години не го следеше МВП дуелот меѓу Јокиќ и Џоел Ембид, бидејќи центарот на „Сиксерс“ во последен момент одлучи да не настапи, официјално поради повреда на коленото.

„Чувствувам дека имаше некое разочарување кога дознавме дека Џоел нема да игра…Излегов на клупата на две минути до крајот на загревањето и им кажав на момците „нема разочарување“. Арон Гордон беше како „за што зборуваш? Реков: „Ембид не игра. Нашите играчи не знаеја и беа на теренот и се загреваа. Среќни сме што си заминавме одовде со победа. Не знам како оди од тоа да бидеш активен, достапен, до тоа да не играш за толку краток период. Сигурен сум дека лигата ќе направи се што е потребно и да го истражи тоа“, изјави Мелоун. 

Се вчитува...