Рускиот тенисер Александар Шевченко реши да го смени државјанството. Тој повеќе нема да игра за Русија, туку во остатокот од кариерата ќе ги брани боите на Казахстан. Поради војната во Украина и важечките санкции, момчето родено во Ростов решило да го смени пасошот и да игра за друга земја.
Тоа го потврди и на социјалните мрежи.
„Здраво на сите, само сакав да ве известам дека од следната недела ќе го претставувам Казахстан на теренот. Горд сум на тоа и едвај чекам да излезам на теренот и да создадам моменти за паметење за себе и за мојата земја. “, напиша Шевченко на Инстаграм, а сето тооа не им се допадна на руските навивачи, па многумина поради овој потег му оставија навредливи коментари.
Ќе биде интересно да се види дали и неговата сопруга Анастасија Потапова ќе го направи истото. Тие двајца се венчаа пред неколку месеци. Таа е родена во Саратов, а тренер и е поранешниот руски тенисер Игор Андреев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

