Норис: Цел на Мекларен е победа, а не освојување на шампионската титула

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, потпиша нов договор со Мекларен кој ќе важи до 2027 година, со желба дотогаш да биде на вистинскиот пат за да го оствари својот сон да стане светски шампион.

Сепак, Ландо не е еуфоричен и има зацртано малку поскромни цели за претстојните сезоникаде планира да забележи победа во одреден момент до 2026 година, додека пак нагласи дека борбата за титула најверојатно ќе треба да ја почека до новата ера која ќе дојде со промена на правилата во 2026 година.

„Имаше моменти минатата сезона кога бевме блиску до победа, кога не заостанувавме многу зад Ред Бул – кои ја имаа најдоминантната серија во историјата на Формула 1. Ако целта е да победиме на трка, никогаш не сме биле поблиску до тоа отколку во 2023 година. Но, борбата за шампионската титула е многу поголем предизвик. Ако ме прашате дали мислам дека можам да победам на трка следната сезона – одговорот би бил позитивен. Мислам дека борбата за титулата е премногу за мене и за тимот во моментов. Веќе некое време не сум на самиот врв, а тимот исто така имаше заостанување во развојот на болидот во однос на своите конкуренти“, изјави Норис.

Се вчитува...