Австралија преку Индонезија до четвртфинале на Азискиот куп (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Австралија е првиот учесник во четвртфиналето на годинашното издание на Азискиот куп. Тие во осминафиналниот дуел без поголеми проблеми славеа над репрезентацијата на Индонезија со 4-0.

Австралијците до водство од 1-0 стигнаа со автоголот на Багот во 12. минута. До полувремето беше и 2-0 откако прецизно стрелаше Бојл во 45. минута. На 3-0 зголеми Годвин во 89. минута, додека конечните 4-0 беа дело на Сутар во 91. минута.

Австралија во четвртфиналето го чека подобриот од дуелот меѓу Саудиска Арабија и Јужна Кореја меч кој е дерби на оваа фаза.

Australia [4]-0 Indonesia – Harry Souttar 90+1'
byu/suedney insoccer

Се вчитува...