Рускиот тенисер Даниил Медведев вели дека е многу тешко кога ќе се загуби финале на гранд-слем по водство од 2-0 во сетови. Медведев беше поразен од Јаник Синер во мечот за трофејот на Австралија опен со 3-2 во сетови и тоа откако ги освои првите два.
Истото му се случи и во 2022 година против Рафаел Надал.
„Ви благодарам момци. Честитки Јаник, тој одигра одлично денес. Заслужи да победи, ја подигна својата игра на неверојатно ниво. Игравме многу пати. Се надевам дека ова не е нашиот последен гранд-слем меч. Јас сум поразен три пати во финале, се надевам дека следниот пат ќе се снајдам подобро. Благодарност до мојот тим. Ви благодарам на сите за поддршката.За жал немав среќа да го земам трофејот,но јас ќе се обидам да го направам тоа следниот пат за сите вас. Ви благодарам на сите, тоа беа неверојатни две недели. Да се загуби финале е секогаш тешко, но јас имам загубено и ретходно. Ќе се обидам да бидам подобар следниот пат“, изјави Медведев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА