Репрезентацијата на Словенија ја одбрани титулата во скијачки летови откако денеска во австриски Бад-Митендорф славеше во тимскиот настан на леталницата долга 235 метри.
Словенците во состав Кос, браќата Превц и Зајц освоија вкупно 1.615.4 поени. Сребрениот медал им припадна на Австријците кои беа предводени од светскиот шампион Штефан Крафт, а тука беа и Хејбок Фетнер и Херл.
Бронзениот медал и припадна на репрезентацијата на Германија во состав: Пашке, Гајгер, Лаје и Велингер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА