Ливерпул без проблеми против Норич во ФА купот

Фудбалерите на Ливерпул се пласираа во осминафиналето од најмасовното англиско фудбалско натпреварување ФА купот откако денеска во 1/16 финалето без проблеми славеа против Норич со 5-2.

Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Џоунс во 16. минута. Иако гостите во 22. преку Гибсон израмнија на 1-1, веќе до полувремето „црвените“ стигнаа до ново водство преку Нуњез во 28. минута. На 3-1 зголеми Диого Жота во 53. минута, додека 4-1 беа дело на Вирџил ван Дајк во 63. минута. До крајот гостите намалија (4-2) преку Сајнц во 69. минута, додека конечните 5-2 ги постави Гравенберх во 95. минута.

Liverpool [4] – 1 Norwich City – Virgil van Dijk 63‎’‎
byu/MarcoRuss insoccer

Се вчитува...