Тен Хаг се скара и со Рашфорд: Тоа е внатрешен проблем што ќе го решиме

Маркус Рашфорд е најновиот фудбалер што влезе во конфликт со Ерик тен Хаг, по што англискиот репрезентативец воопшто не се најде во списокот на играчи за денешниот дуел од ФА Купот против Њупорт.

Рашфорд сезонава игра во катастрофална форма, Тен Хаг досега јавно му изразуваше поддршка, но холандскиот стратег остана шокиран откако Рашфорд вчера не тренираше со екипата жалејќи се на болест, за ноќта да ја мине во дискотека во Белфаст. Фотографии од Рашфорд утрово ги преплавија таблоидите, по што стратегот на Јунајтед реши да го избрише голгетерот од листата на патници за гостувањето протви Њупорт.

„Рашфорд не патуваше со тимот денеска. Тоа е внатрешен проблем што ќе го решиме заедно со клубот“, кратко прокоментира Ерик тен Хаг.

Се вчитува...