Борусија Дортмунд стигна и до третата победа во низа во домашниот шампионат откако вечерва по тешка борба на домашен терен славеше против секогаш незгодниот Бохум со 2-1 како дел од 19. рунда во Бундеслигата.
Тимот кој лани му откина два многу важни бода на тимот од Дортмунд во борбата за титулата, повторно беше жилав, но овој пат мораше да си замине дома со наведната глава. Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Фулкруг во 7. минута, додека до крајот на првиот дел беше 1-1 со автоголот на Шлотербек.
Фулкруг со својот втор гол донесе ново водство од 2-1 во 72. минута, додека истиот фудбалер стигна и до хет-трик откако стрелаше за 3-1 од пенал во 91. минута.
Borussia Dortmund [2]-1 Bochum – Niclas Füllkrug 72'
byu/suedney insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

