Германскиот стратег Јирген Клоп ја шокираше јавноста со одлуката по крајот на сезоната да го напушти Ливерпул. Иако оваа информација јавноста ја доби дури сега, излегоа шпекулации дека тој сакал да го напушти клубот уште минатото лето.
Според медиумите, Клоп планирал да си оди од Ливерпул по крајот на минатата сезона, но бил спречен од неговата сопруга Ула. Наводно таа го убедила исто така и во 2022 година даа потпише нов договор со „црвените“.
Сепак, веќе е јасно дека ова и дефинитивно е последна сезона за германскиот стратег во Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

