Атланта стави крај на серијата порази, одличен настап на Богдановиќ

Атланта стави крај на серијата од четири порази во низа во НБА лигата откако славеше во драматичен натпревар против Торнто со 126-125. Херојот беше Беј кој на секунда пред крајот го постигна конечниот резултат за својот тим.

Со 30 поени и 12 асистенции лидер на Атланта беше Јанг, додека одличен натпревар одигра и српскиот репрезентативец Богдановиќ кој реализираше 24 поени и 4 скокови. На спротивната страна се истакна Барнс со 24 поени и 8 асистенции.

Одлична вечер е и зад Девин Букер кој постигна 44 поени, но неговиот Феникс претрпе пораз од 113-98 на гостувањето кај Орландо. Во редовите на Меџик се истакна Банчеро со 26 поени и 7 асистенции.

Во остнаатите натпревари:

Детроит – Оклахома 120-104
Индијана – Мемфис 116-110
Портланд – Чикаго 96-104

Се вчитува...