Јунајтед ќе го казни Рашфорд со 650.000 фунти

Во таборот на Манчестер Јунајтед е бурно и кога тимот победува, откако Маркус Рашфорд не настапи на гостувањето со Њупорт и воопшто не отпатува со тимот на овој меч од ФА Купот на Англија.

Причината е лагата во која што беше фатен голгетерот, кој не тренирал со екипата жалејќи се дека е болен, за следното утро во таблоидите да се појават фотографии од него во дискотека во Белфаст. Управата е бесна на Рашфорд исто како и Тен Хаг, кој по мечот обелодени дека „проблемот ќе биде решен внатре во клубот“.

Како што јавуваат медиумите, веќе е одредена и казната – Рашфорд ќе мора да плати 650.000 фунти за своето однесување. Максималната казна за ваков престап е две неделни плати, а „црвените ѓаволи“ без размислување ќе го санкционираат овој фудбалер на таков начин. Згора на тоа, Тен Хаг веќе ставил до знаење дека Рашфорд повеќе ќе нема загарантирано место во стартниот тим, откако холандскиот стратег ја загубил довербата во голгетерот не кого упорно му даваше шанса и покрај катастрофалната форма од стартот на сезонава.

Се вчитува...