Синер: Новак Ѓоковиќ е друга димензија за мене

Италијанскиот тенисер Јаник Синер стигна до првиот голем трофеј во сезоната откако на грен-слемот Австралија Опен славеше со 3-2 по голем пресврт против Русинот Данил Медведев. Синер имаше негатива од 2-0 и се наоѓаше пред пораз, но со убедлива игра успеа да ги добие преостанатите три сета за големо славје.

Синер за медиумите говореше на повеќе теми, а една од нив беше поврзана со Новак Ѓоковиќ и неговиот број на освоени трофеи на првиот грен-слем во сезоната.

„Освојувањето на првиот грен-слем тука во Мелбурн за мене предизвика неверојатно чувство. Новак е друга димензија во однос на мене. Пред се морам да се задоволам со само овој трофеј“, изјави Синер.

Се вчитува...