Теодосиќ: За пласман меѓу десетте најдобри во Евролигата одлучуваме самите

Големото српско дерби во АБА лигата помеѓу Црвена Звезда и Партизан заврши со „црно-бела“ победа по голема драма. Но, натпреварот против „вечниот ривал“ е веќе зад белградските тимови кои ги очекува двојно коло во Евролигата.

Во најсилното европско кошаркарско првенство Партизан е во подобра ситуација и со 12 победи и 11 порази е на позиција која води во доигрувањето за место во плеј-офот, додека Црвена Звезда со скор 9-14 веќе и нема право на грешка доколку сака да се пласира во следната фаза.

Црвена Звезда во двојното коло кое започнува веќе утре ја очекуваат средби на домашен терен против Валенсија и Барселона, натпревари кои Милош Теодосиќ смета дека можат да се добијат доколку неговиот тим одигра на нивото на кое одигра и против Партизан.

„Не очекуваат многу важни натпревари. Верувам дека не ги загубивме шансите за пласман меѓу десетте најдобри. Постои шанса, но се зависи од нас. Ако играме ангажирано како против Партизан со исклучок на последните пет минути мислам дека се ќе зависи од нас“, вели искусниот Србин.

Се вчитува...