Барселона се наоѓа во сериозна резултатска криза што резултираше со најавеното заминување на тренерот Чави, кој на крајот на сезонава ќе си замине од кормилото на каталонскиот гигант.
Јасно е дека голем дел од вината има и кај самите фудбалери, кои денеска одржаа кризен состанок, се со цел да се најде излез од несаканата ситуација. Состанокот се одржа во куќата на Роберт Левандовски, полскиот голгетер самиот бил иницијатор на идејата со една ваква средба да биде демонстрирано единство меѓу фудбалерите, но и решителност за надминување на кризата.
Ниту Чави ниту пак било кој друг член на стручниот штаб не бил поканет на ручекот, на кој присуствувале триесетина фудбалери. Каталонските медиуми ја дознале информацијата и го сочекаа играчите при напуштањето на куќата на Левандовски, но ниту еден од фудбалерите не беше расположен за изјава.
Останува на терен да се види дали овој состанок ќе вроди со плод, тоа ќе може да го проследиме веќе в среда, на домашниот дуел со Осасуна.
🤝 Comida de hermandad del Barça en casa de Lewandowski
🔵🔴 La plantilla, sin el entrenador, se juntó para intentar conseguir la unión en un momento clave e intentar darle la vuelta a la situación pic.twitter.com/p4wF06FmLq
— Mundo Deportivo (@mundodeportivo) January 29, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА