Руската лизгачка Камила Валијева доби четиригодишна суспензија поради допинг, објави Спортскиот арбитражен суд. Покрај тоа на Рускиот олимписки комитет му е одземен златниот медал во екипно натпреварување на Зимските олимписки игри кои се одржаа во Пекинг во 2022 година.
Седумнаесетгодишната Русинка била позитивна на забранета супстанца триметазидин кој спречува агонија на руско државно првенство во 2021 година. Нејзиниот тим како причина за појавувањето на оваа супстанца наведе заменети медикаменти со нејзиниот дедо, причина која не беше прифатена.
Одземањето на медалот на Русите и донесе злато на репрезентацијата на Соединетите американски држави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА