Ѓоковиќ: Со 12 години гледав како два и пол месеци не бомбардираат… тоа ме направи светски шампион

Светскиот тенисер број еден, Новак Ѓоковиќ по крајот на Австралија Опен на кој стигна до полуфиналето даде ексклузивно интервју за емисијата „Тoday Show“ каде говореше на повеќе теми, а се присети и на младоста и се што преживеал додека да стигне таму каде што е денеска.

Ѓоковиќ откри дека и ден денеска се потсетува на бомбардирањето на Србија кога ќе слушне огномент и колку тој момент значи за неговиот живот и неговата кариера.

„Поминавме низ две војни, ембарго од 1992 до 1996 година, кога ниеден српски спортист не смееше да се натпреварува во меѓународни натпреварувања. Тоа беше тешки времиња, но ме направија поцврст. Лесно можев да отидам на друг пат, но мислам дека судбината беше да играм тенис и да поставам големи резултати.

Имав 12 години во времето кога два и пол месеци непрекинато траеше бомбардирањето. Понекогаш кога ќе слушнам огномет се потсетувам на експлозиите на бомбите. Не беше воопшто пријатно чувство, тоа беше траума. Тоа е се поврзано со желбата да не запрам.

Во Србија постои изрека: Можете да не убиете, да го убиете нашето тело, но не и нашата душа. Верувам во тоа. Погледнете колку тенисери во историјата го направија тоа што јас го направив? Не го велам тоа за да се пофалам, туку сакам да се потсетам и да сфатам што постигнав“, вели Ѓоковиќ.

Се вчитува...