„Ентони е целосно фуксиран на Манчестер Јунајтед“

Бразилскиот интернационалец во редовите на Манчестер Јунајтед, Ентони игра катастрофална сезона во која забележа само еден погодок и тоа на последниот одигран натпревар на Манчестер Јунајтед против третолигашот Њупорт во 1/16 финалето на ФА Купот.

Поради лошата форма во последните недели се појавија информации за можна преселба на младиот фудбалер во Саудиска Арабија, но неговиот агент Педросо ги отфрли истите изјавувајќи дека неговиот фудбалер е потполно концентиран на настапите за премиерлигашот.

„Немаме добиено никаква информација од Манчестер Јунајтед за можен трансфер на Ентони во јануари или пак во летниот преоден рок. Ентони е целосно фокусиран на Манчестер Јунајтед и неговата форма со цел да ги подобри бројките“, изјави агентот.

Се вчитува...