Огромен проблем за Црвена Звезда – повторно се повреди Теодосиќ

Црвена Звезда скапо ја плати победата над Партизан во 18. коло во АБА лигата бидејќи одново остана без услугите на најискусниот кошаркар во своите редови, Милош Теодосиќ. Поранешниот репрезентативец на Србија по средбата со „црно-белите“ се пожалил на повреда и денеска не тренираше со соиграчите.

Колкава е сериозноста на повредата останува неизвесно и медицинскиот тим допрва ќе одлучува дали 36-годишникот ќе може да настапи на престојните натпревари од двојното коло во Евролигата против Валенсија и Барселона, натпревари во кои белградскиот тим нема право на грешка со оглед на позицијата на табелата и амбицијата за настап во разигрувањето на најсилното кошаркарско првенство во Европа.

Како потсетување, Теодосиќ кој оваа сезона бележи просек од 10.7 поени и 5.7 асистенции по натпревар во Евролигата пред натпреварот со Партизан пропушти четири средби на кои неговото отсуство беше видливо во играта.

Се вчитува...