Челси добива засилување пред гостувањето на „Енфилд“

Челси би можел да добие големо засилување за дербито на 22. коло во Премиерлигата против Ливерпул. Не станува збор за нов ангажам, туку враќање на теренот на 52 милионското засилување Кристофер Нкунку.

Францускиот репрезентативец ги засили „сините“ изминатото лето, но немаше среќа со повреди. Повредата на коленото го оддалечи од теренот четири месеци, а откако се врати и одигра четири натпревари забележа нова повреда.

Добри вести за Маурисио Покетино е тоа што 26-годишникот се врати на тренинзите на тимот пред средбата со Астон Вила, а сега се очекува и да се најде на теренот на „Енфилд“.

Покрај Нкунку во составот за дербито против Ливерпул би можеле да се вратат и Леви Колвил и Мало Густо.

Се вчитува...