Мартинез за наградата за најдобар фудбалер на годината: Не беше јасно за кој период гласаме

„The Best“ наградата која ја доделува ФИФА за најдобрите на годината предизвика големи контроверзии со оглед на тоа што заврши во рацете на Лионел Меси. Аргентинскиот ас немаше година за бележење, настапуваше во Соединетите американски држави, но сепак ги доби гласовите на најголем дел од капитените и селекторите.

Голем придонес за тоа имаше периодот за кој се гласаше. Имено, предноста која ја доби Меси се однесуваше на Светското првенство кое се одржа во Катар и траеше до 18. декември 2022 година, а гласањето се однесуваше за периодот од 19. декември 2022 до 20. август 2023.

За тоа говореше и селекторот на Белгија, Роберто Мартинез кој откри дека погрешил во изборот со оглед на тоа што најголем број на бодови му даде на Хрватот Марсело Брозовиќ.

„Погрешив. Светското првенство се одржа во зима и гласањето беше чудно бидејќи вклучуваше само неколку месеци. Мислам дека во фудбалот е тешко да се доделат индивидуални награди. Еден играч претставува тоа што го направил целиот тим. Што е тогаш со Брозовиќ и Силва кои беа во финалето на Лигата на Шампионите и ги освоија националните трофеи?

Брозовиќ е играч кој ја претставуа самата идеја за фудбал, тоа шго го прави Хрватска. Меѓутоа, погрешив со обѕир на периодот на кој се однесуваше наградата. Исто така мислам дека не сум единствен кој погрешил, бидејќи кога ќе ги погледнете останатите гласови ми се чини дека има многу кои размислуваа што се случило на Светското првенство“, вели Мартинез.

Се вчитува...