Карим Бензема по само шест месеци поминати во Саудиска Арабија побара да замине од Ал Итихад. Легендарниот Французин се поврзуваше со премин во неколку клубови од Еворпа, но до камбек на „стариот континент“ нема да дојде.
Причина за тоа е фактот дека Ал Итихад не сака да го наруши имиџот на саудискиот фудбал па како опција се јавува премин во друг клуб во ова првенство со цел да се задржи интересот за растечкиот шампионат.
Бензема досега настапи на 20 натпревари за Ал Итихад забележувајќи 12 голови и пет асистенции. Неговиот договот е со важност до 2026 година, а неговата плата на годишно ниво изнесува 200 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

