Брегот на слоновата коска по пенал рулет до четвртфинале на Африканскиот куп на нации

Брегот на слоновата коска се пласираше во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации откако славеше во натпреварот против Сенегал по изведување на пенали.

Натпреварот го отвори Диало со гол уште во 4. минута, а Сенегал оваа предноста ја одржуваше се до 88. минута кога Кеси изедначи на 1-1 од белата точка. Натпреварот продолжи во дополнителни 30. минути во кои одново не беше постигнат погодок, а патникот во четвртфиналето беше одлучен по изведување на пенали.

Во пенал рулетот пресуди откако Кулибали и Сар беа успешни за Сенегал, а Пепе и Кумане за Брегот на слоновата коска. Ниакхате промаши во третиот обид, Халер погоди на спротивната страна. И покрај тоа што Диенг и Мане беа успешни, на спротивната страна безгрешки беа и Аурие и Кеси за вкупни 4-5.

Се вчитува...