Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ нема да настапи на турнирот од Серијата 500 во Дубаи следниот месец од 26. февруари до 2. март.
Ѓоковиќ минатата сезона во ОАЕ дојде до полуфиналето каде беше запрен од Данил Медведев, па поради тоа на Новак на крајот на февруари ќе му бидат одземени уште 180 поени освоени во 2023 година кои сега нема да ги брани.
Овој понеделник Ѓоковиќ остана и без 1.200 поени поради тоа што не ја одбрани титулата во Мелбурн, но и со тоа остана на првото место на АТП листата. Има 9855 бода, а Карлос Алкараз е со 600 бода помалку. Сега трет е Данил Медведев со 8765 бода а Јаник Синер има 8310 бода.
Следниот настап на Новак Ѓоковиќ ќе биде Мастерсот во Индијан Велс од 6. до 17. март.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

