Емотивна средба на капитенот на Лутон со соиграчите по срцевиот удар… (ВИДЕО)

Капитенот на англискиот премиерлигаш Лутон, Том Локер, еден месец откако доживеа срцев удар на сред терен ги посети своите соиграчи на тренинг, низ повеќе од емотивна средба…

Локер падна во 59. минута од натпреварот против Бурнмаут минатиот месец, веднаш му беше дадена лекарска помош, итно транспортиран во болница, по што се врати во живот.

Сега, ги посета своите соиграчи низ емотивна средба која покажа дека Локер е омилена личност во Лутон.

„Навистина ми е убаво да ги видам момците. Чудно се чувствувам затоа што кога како човек си максимално активен а потоа ти велат дека сега веќе не можеш ништо, тогаш знаеш дека нешто ти недостасува. Успеав да издржам, но беше емотивно“ – истакна Локер по средбата.

Се вчитува...